Денес, Советот на Народната банка на Република Македонија одржа седница, на којашто беа донесени две одлуки.
Скопје, 12.06.2008 година
Соопштение на НБРМ
Денес, Советот на Народната банка на Република Македонија одржа седница, на којашто беа донесени две одлуки.
Советот усвои "Одлука за задолжителен депозит кај Народната банка на Република Македонија". Според оваа Одлука, банките и штедилниците ќе бидат обврзани да издвојуваат задолжителен депозит доколку нивниот раст на кредитите на населението надмине 40% на крајот на декември 2008 година. Издвојувањето на задолжителниот депозит ќе се врши месечно за износот за кој банките евентуално би ја пречекорувале утврдената месечна стапка на раст на кредитите, пропишана во Одлуката. Одлуката се однесува на периодот јули-декември 2008 година, а на задолжителниот депозит, Народната банка на Република Македонија ќе исплаќа камата од 1% на годишно ниво. Целта на донесувањето на оваа Одлука е обесхрабрување на пребрзиот раст на кредитите на населението, којшто, на годишно ниво достигна раст од над 55%. Ваквиот кредитен раст, од една страна, влијае на значителното зголемување на трговскиот дефицит на земјата, а истовремено, веќе ги манифестира и првите знаци на влошување на кредитното портфолио на банките ангажирано кај населението.
Советот усвои измена на Одлуката за каматите на Народната банка на Република Македонија. Имено, каматата што Народната банка на Република Македонија ја наплатува за ломбардниот кредит, наместо 7,5%, ќе изнесува 8,5%. Ова зголемување на каматата на ломбардниот кредит е предизвикано од претходното зголемување на каматата на благајничките записи со цел да се одржи вообичаената разлика помеѓу овие два вида инструменти.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}