Скопје, 11.12.2007 година
Соопштение на НБРМ
На 06.12.2007 година и 07.12.2007 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија донесе Решенија со кои е издадена претходна согласност на "Централна кооперативна банка" АД Софија, Република Бугарија, за стекнување 66,67% од вкупниот број акции во"Поштенска банка" АД Скопје и 100% од вкупниот број акции со право на глас во "Силекс банка" АД Скопје. Трансакциите за стекнување на акциите треба да се извршат во рок од 180 дена од денот на добивањето на согласноста на гувернерот.
"Централна кооперативна банка" АД Софија работи врз основа на дозвола за вршење на банкарска дејност во Република Бугарија и во странство, издадена од Бугарската Народна банка. Истата претставува дел од финансиската група на "Химимпорт"АД Софија, во која влегуваат осигурителна компанија, пензиски фондови, како и две друштва со посебна намена - секјуритизација на недвижности и секјуритизација на побарувања. Банката поседува лиценца за инвестиционен посредник издадена од страна на Бугарската Народна банка и лиценца за примарен дилер на државни хартии од вредност. Член е на Меѓународната кооперативна банкарска асоцијација, а со влезот во Европската унија станува и член на Европската асоцијација на кооперативни банки.
Согласно ревидираните финансиски извештаи, вкупниот финансиски потенцијал на Банката на крајот на 2006 година изнесува 578,8 милиони евра, а капиталната позиција изнесува речиси 60 милиони евра. Во декември 2007 година, капиталот на Банката е зголемен и достигнува ниво од околу 98 милиони евра.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}