Скопје, 11.07.2003 година
Соопштение на НБРМ
Во последно време во неделникот “Капитал”, се почесто се објавуваат со ништо неаргументирани напади врз Народна банка на Република Македонија и врз пооделни банки. Нервозата што го фатила директорот и главниот уредник на овој неделник и оние чиј експонент е тој, веројатно произлегува од фактот што во извештајот на заедничката мисија на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка што неодамна заврши, изнесени се високи оценки за работењето на Народна банка на Република Македонија и извршувањето на нејзините основни функции, како и за банкарскиот систем во целина и поради фактот што во анкетата направена од страна на Американската агенција за меѓународен развој најголема доверба анкетираните граѓани на Република Македонија и имаат дадено на Народна банка на Република Македонија.
Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста дека политиката на ниска инфлација и стабилна вредност на денарот е нејзина главна определба и никакви сили и лоби групи не можат да ја поколебаат во тоа.
Во оваа прилика, уште еднаш би сакале да укажеме на неопходноста од внимателност при објавувањето на информации за банките и банкарскиот систем од причина што штетите што можат да настанат не се ограничени само на поединечните банки, туку, можат да бидат многу пошироки и да ја загрозат стабилноста и сигурноста на вкупниот банкарски систем што макотрпно се гради сите овие изминати години.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}