Скопје, 11.06.2001 година
Соопштение на НБРМ
Денеска, во Базел, Швајцарија, Банката за меѓународни порамнувања (БИС) одржа свое редовно и вонредно Собрание на кое присуствуваше и гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-дин Љубе Трпески. Притоа, на вонредното Собрание се донесе Резолуција, со која се поништија 8000-те акции, што претходно ги поседуваше Народната банка на поранешната СФРЈ во БИС и истовремено се емитуваа нови акции, на ист износ, распоредени на Централните банки на земјите сукцесори на поранешната СФРЈ. Народна банка на Република Македонија се здоби со 430 акции од тој износ, што претставува 5,4% од вкупниот број на акции. По истиот клуч се подели и износот на златото и девизите на Народната банка на поранешната СФРЈ во БИС.
Банката за меѓународни порамнувања ќе ги префрли овие средства на сметките на Народна банка на Република Македонија најдоцна до 13.06.2001 година (среда).
Истовремено, Народна банка на Југославија е примена како нова членка во Банката за меѓународни порамнувања. Како што е познато, Народна банка на Република Македонија стана членка на БИС на нејзиното Генерално собрание одржано во мај 1997 година, како наследник на членството на Народната банка на поранешната СФРЈ.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}