Скопје, 10.12.2004 година
Соопштение на НБРМ
Денес Советот на Народна банка на Република Македонија донесе одлука за зголемување на стапката на задолжителна резерва што ја издвојуваат банките. Притоа, постојната унифицирана стапка на задолжителна резерва, што се издвојува за денарски и девизни депозити, се зголемува од постојните 7,5% на 10%. Ваквата мерка е мотивирана од прудентни причини, бидејќи со нејзината имплементација ќе се постигне повисока покриеност на најкусорочните депозитни обврски на банките со ликвидни средства на нивните сметки. Со тоа ќе се влијае во насока на дополнително зголемување на стабилноста на банкарскиот сектор. Истовремено, новата мерка е насочена и кон управување со ликвидноста на банкарскиот сектор преку неутрализирање на ликвидносните ефекти настанати во минатото при воведувањето на унифицирана стапка на задолжителна резерва. На издвоената задолжителна резерва за девизни депозити Народна банка повеќе нема да им дава надоместок на банките. Примената на повисока стапка на издвојување на задолжителна резерва ќе започне на 11.01.2005 година.
Народна банка донесе и одлука со која се менува зачестеноста на одржување на аукциите на благајнички записи на Централната банка со рок на достасување од 7 дена. Почнувајќи од 13.12.2004 година аукциите на благајнички записи со рок на достасување од 7 дена наместо два пати неделно ќе се вршат секој ден. Со тоа, ќе им се овозможи на банките полесно да ја управуваат својата ликвидност во услови на изразено сезонско влијание на автономните фактори, вклучително и очекуваната значителна јавна потрошувачка сконцентрирана во краток временски период до крајот на 2004 година.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}