Денес, Народна банка на Република Македонија ја одржа својата VII седница на која разгледа и усвои повеќе одлуки од доменот на монетарната и девизната политика.
Скопје, 09.09.2004 година
Соопштение на НБРМ
Денес, Народна банка на Република Македонија ја одржа својата VII седница на која разгледа и усвои повеќе одлуки од доменот на монетарната и девизната политика.
Советот на Народна банка на Република Македонија усвои Политика на управување и ракување со девизните резерви на Република Македонија. Целта на овој документ е зголемување на сигурноста и ефикасноста во управувањето со девизните резерви на Република Македонија. При тоа основни принципи од кои поаѓа Политиката се остварување на задачите на монетарната политика и политиката на девизниот курс на денарот и редовно извршување на обврските на Република Македонија спрема странство. Операционализирањето на оваа Политика строго ќе се придржува кон начелата на сигурност и ликвидност, како и кон начелото на рентабилност, притоа незагрозувајќи ги предходните две начела. Со Политиката исто така, Советот на Народна банка го задолжува гувернерот на Народна банка да донесе подетални правила за интервенции на девизниот пазар и правила за пласирање и чување на девизните резерви, во согласност со поставените принципи и критериуми за остварување на начелата на сигурност, ликвидност и рентабилност.
Советот донесе Одлука со која се формира Кредитен регистар кај Народна банка и се уредува содржината и начинот на неговото функционирање. Со Одлуката се имплементира дел од најновите измени на Законот за Народна банка на Република Македонија со кои Народна банка се задолжува да организира и води регистар на сите кредити кои деловните банки ги имаат дадено на правни и физички лица. Со неа прецизно се утврдуваат видовите на информации кои треба да ги содржи Кредитниот регистар и се уредуваат правата и обврските на Народна банка, деловните банки и штедилниците сврзани со начинот на доставување, обработка и користење на информациите од Кредитниот регистар. Кредитниот регистар претставува инструмент преку кој деловните банки и штедилниците можат да добијат податоци за вкупната кредитна задолженост и просечната ризична класификација на правните лица. Информациите од Кредитниот регистар ќе им помогнат на банките и штедилниците полесно да го оценат ризикот при влегување во кредитни и други деловни односи со конкретни правни лица, што од своја страна ќе придонесе за зголемување на сигурноста на секоја поединечна банка и штедилница и за понатамошно зголемување на стабилноста на банкарскиот систем во целина. Унапредувањето на начинот на функционирање на Кредитниот регистар ќе продолжи и понатаму.
Советот донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителна резерва на банките во денари. Со измените се врши фиксирање на износот на готовината во благајна кој учествува во исполнувањето на обврската за задолжителна резерва, намалување на процентот од обврската кој може да се исполни со готовина во благајна од досегашните 60% на 30%, како и редуцирање на износот на кој се пресметува надоместот на задолжителната резерва за фиксниот износ на готовина во благајна вклучен во исполнувањето на задолжителната резерва. Донесените измени се во функција на натамошно усовршување на ликвидносното управување од страна на банките и Народна банка.
Советот на Народна банка усвои и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот за добивање на дозвола и вршење на менувачки работи и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за начинот на водење евиденција за секоја трансакција на брз трансфер на пари, со кои се врши примена на новиот Закон за спречување перење на пари. Со измените и дополнувањата на овие две одлуки се уредува начинот на кој менувачниците и вршителите на работи на брз трансфер на пари треба да ги идентификуваат клиентите и содржината и начинот на водење на посебниот регистар за трансакциите на износи поголеми од 2.500,00 евра.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}