Скопје, 09.06.2009 година
Соопштение на НБРМ
Народната банка на Република Македонија, почнувајќи од 04.05.2009 година, започна да го реализира договорот со „Мастеркард интернејшнал инкорпорејтид“ (MasterCard International Incorporated) за национално (домашно) порамнување на безготовинските плаќања во трговската мрежа во Република Македонија и подигања на готовина во банка или од банкомат со картички „Мастеркард“ (дебитни и кредитни) издадени од деловните банки во Република Македонија.
Националното (домашното) порамнување треба да придонесе за намалување на трошоците на деловните банки врз основа на овој вид трансакции што во крајна линија би требало да се одрази со намалување на трошоците на давателите на услуги во трговската мрежа. Придобивката од воведувањето на националното (домашното) порамнување во Република Македонија е очекуваното зголемување на бројот на уредите преку кои се врши безготовинско плаќање во трговска мрежа во Република Македонија, а со тоа и намалувањето на готовите пари во оптек, со што на индиректен начин би се намалиле вкупните трошоци во платниот промет во Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}