Скопје, 08.11.2004 година
Соопштение на НБРМ
Денес, 08.11.2004 година, гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Г-дин Петар Гошев, учествува на состанокот на гувернери на Централните банки, кои на редовна двомесечна основа го организира Банката за меѓународни порамнувања во Базел.
Теми на состанокот се прашања поврзани со имплементацијата на новата капитална спогодба подготвена од Базелскиот Комитет за банкарска супервизија и улогата на агенциите за рејтинг во финансиските пазари. Имплементацијата на новата капитална спогодба ќе овозможи продлабочување на супервизорските критериуми, методи и техники за оценка на сите видови ризици во работењето на банките, што ќе придонесе за понатамошно јакнење на сигурноста на банкарските системи во светот.
На состанокот присуствуваат гувернери и други претставници на Централни банки од над педесет земји од светот, како и претставници од Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}