Скопје, 08.06.2000 година
Соопштение на НБРМ
УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2000-ТА ГОДИНА И ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА ОВОГОДИШНИОТ КАПИТАЛЕН ЦЕНЗУС ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР
На денешната LXXXI-а седница, Советот на Народна банка на Република Македонија го усвои Извештајот за реализацијата на монетарната политика во периодот јануари - март 2000-та година. Притоа, Советот на Народна банка на Република Македонија оцени дека во првиот квартал од 2000-та година се зголеми довербата на економските субјекти во банкарскиот систем. Зголемената доверба детерминираше пораст на вкупните депозитите на недржавниот сектор кај комерцијалните банки. Така, вкупните депозити на крајот на март 2000-та година, во однос на нивото на крајот на 1999-та година, беа повисоки за 1.596 милиони денари, или за 8,7%. Зголемената депозитна база на банките овозможи зајакнат процес на монетарна мултипликација, која резултираше со остварување на повисоки стапки на пораст на паричната маса. Притоа, на годишно ниво, паричната маса М2 - денарски дел во март 2000-та година се зголеми за 7.207 милиони денари, односно за 37,1%. На тој начин, порастот на паричната маса го поддржа зголемувањето на производствената активност во Република Македонија во првиот квартал од 2000-та година. Денарските пласмани на крајот на март 2000-та година изнесуваа 27.579 милиони денари и во однос на нивото во декември 1999-та година беа повисоки за 720 милиони денари, или за 2,7%. Интензивирањето на кредитната активност во овој период од годината првенствено се должи на одобрување на кредити за откуп на тутунот.Просечната стапка на пораст на денарските пласмани на банките на годишно ниво во првиот квартал од 2000-та година изнесува 8,1%.Советот на Народна банка на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за усогласување на висината на основачкиот капитал во паричен облик на банките, со состојба на 30.04.2000-та година. Имено, на крајот на април 2000-та година, банките требаа да го исполнат капиталниот цензус во висина на денарската противвредност на 18 милиони германски марки, што претставува претпоследна година од динамичкото усогласување на цензусот на банките. Притоа, Советот на Народна банка на Република Македонија констатира дека на денот на разгледување на Информацијата од вкупно 17 банки кои вршат платен промет со странство, само Силекс банка а.д. Скопје не го достигна пропишаниот критериум за вршење на платен промет и кредитни работи со странство. Во таа смисла, Советот на НБРМ одлучи да и го одземе овластувањето на Банката за вршење платен промет и кредитни работи со странство. Согласно законската регулатива која ја регулира оваа област, Банката во рок од 90 дена од приемот на решението треба да го усогласи своето работење согласно со решението.
Совет на Народна банка на Република Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}