Скопје, 08.04.2003 година
Соопштение на НБРМ
Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија следејќи ги движењата во економијата, посебно во финансиската сфера, донесе Одлука за понатамошно намалување на каматните стапки што ги одредува Народна банка на Република Македонија.
Имено, Советот на НБРМ донесе Одлука со која есконтната стапка на Народна банка ја намали од 8,00% на 6,50%, додека каматната стапка на ломбардните кредити од 17,50% на 16,00%.
Истовремено, Советот донесе и Одлука со која од 11.04.2003 година (петок) на аукциите на благајнички записи на Народна банка ќе се применува тендер со износи, а каматната стапка на благајничките записи со рок на достасување од 28 дена ќе се лимитира на 7,00%.
Со ова намалување на каматните стапки, Народна банка на Република Македонија очекува конечно и комерцијалните банки да почнат да ги намалуваат каматните стапки што ги пресметуваат на кредитите што ги одобруваат на стопанските субјекти и на населението. Исто така, Народна банка очекува дека со ваквата политика ќе ја задржи стабилноста на курсот на денарот, како основно номинално сидро на економската политика и инфлацијата во рамките на проектираните движења до 3% на годишно ниво и на тој начин ќе придонесе за поттикнување на еономската активност во Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}