Скопје, 08.02.2008 година
Соопштение на НБРМ
Во организација на Банката на Грција, гувернерите на централните банки на Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Република Македонија, Грција, Црна Гора, Романија и Србија, како и директорите на двете супервизорски власти на Босна и Херцеговина, се состанаа во Солун на 08 февруари 2008 година. Состанокот се одржа во рамките на мултилатералниот Меморандум на разбирање кој беше договорен на состанокот одржан во Атина во јули 2007 година и имаше за цел да ја зајакне соработката во областа на банкарската супервизија во Југоисточна Европа и да ја зачува финансиската стабилност во регионот. Дискусиите на состанокот ги зедоа предвид заклучоците од Состанокот на директорите на дирекциите за банкарска супервизија кој се одржа во Солун на 18 јануари.
Гувернерите на централните банки забележаа дека последиците за економиите на земјите од Југоисточна Европа од постоечките турбуленции на меѓународните финансиски пазари досега се индиректни и ограничени. Тие исто така ја признаа зголемената неизвесност за изгледите на земјите од Југоисточна Европа кои произлегуваат од можно понатамошно намалување на стапките на раст на светското производство и трговија во случај на продолжување на турбуленциите. Врз основа на тоа, тие ја истакнаа важноста на цврстите финансиски и економски темели. Во поглед на брзиот кредитен растеж забележан во многу земји во регионот нивните супервизорски власти будно ги следат случувањата со кредитите за да се зачува квалитетот на кредитното портфолио на банките и финансиската стабилност. Исто така, беше важно макроекономските политики и политиките на структурни реформи да се зајакнат во многу од земјите во регионот со цел да се потиснат инфлаторните притисоци и надворешната нерамнотежа во тековната сметка. Големите дефицити во тековната сметка, особено доколку тие рефлектираат ниско ниво на штедење наместо продуктивни инвестиции, може да ги намалат изгледите за раст и довербата на инвеститорите.
Гувернерите на централните банки одлучија да ја забрзаат примената на Мултилатералниот меморандум на разбирање со цел да се постигне конвергенција на супервизорските практики, вклучително и на оние кои се однесуваат на перењето пари и финансирањето на тероризмот и оценката на ризикот. За таа цел, ќе се користи искуството стекнато од примената на соодветната Рамка на Европската Унија како и принципите воспоставени од страна на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, во исто време почитувајќи ја националната институционална и правна поставеност. Беше договорено дека прашања со итен приоритет ќе бидат: идентификацијата на оние области во кои треба да се има стремеж кон постигнување конвергенција на супервизорските практики, преземањето на заеднички теренски контроли на финансиските институции од обете страни на границата, и заедничката оценка на стрес-тестовите коишто се прават во секоја земја.
На крајот, по покана на г-дин Искров, гувернер на Народна банка на Бугарија, беше договорено следниот состанок на гувернерите на Југоисточна Европа да се одржи во Софија во октомври оваа година.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}