Денес, 08.01.2004 година, Советот на Народната банка на Република Македонија одржа седница на која го разгледа и усвои Извештајот за состојбите во Експорт Импорт банка а.д. Скопје изготвен од страна на привремената управа.
Скопје, 08.01.2004 година
Соопштение на НБРМ
Денес, 08.01.2004 година, Советот на Народната банка на Република Македонија одржа седница на која го разгледа и усвои Извештајот за состојбите во Експорт Импорт банка а.д. Скопје изготвен од страна на привремената управа.
Советот на Народната банка констатираше дека привремената управа во Експорт Импорт банка а.д. Скопје во текот на својата едногодишна работа успешно ги исполни своите обврски, посебно во делот на дополнително воспоставените залози во корист на банката. Како резултат на вкупните активности на привремената управа, нето вредноста на Експорт Импорт банка а.д. Скопје е зголемена за 1,6 милијарди денари во однос на моментот на воведување на привремената управа и е обезбеден повисок степен на наплатливост на побарувања на банката. Советот на Народната банка оцени дека со ефикасна наплата на вака обезбедените побарувања, во понатамошните постапки може да се обезбедат средства за максимално намирување на обврските на Експорт Импорт банка а.д. Скопје кон доверителите.
Истовремено, со цел да се запазат законски утврдените рокови, кои за жал се покажаа како временски кратки за спроведување на мерки за рехабилитација, Советот на Народната банка на денешната седница донесе Одлука за престанување на важење на одлуки за именување на привремен управник во Експорт Импорт банка а.д. Скопје. Во отсуство на понуди со издржани санациони програми, со прекинувањето на привремената управа се прекинуваат и сите активности за дополнително обезбедување услови и можности за санација на банката. Бидејќи Експорт Импорт банка а.д. Скопје не поседува минимален износ на капитал пропишан со Законот за банките, Советот на Народната банка оцени дека Експорт Импорт а.д. Скопје целосно ги исполнува условите за укинување на дозволата за основање и работење согласно член 85 од Законот за банките. Советот на Народната банка констатираше дека законски определениот рок на траење на привремена управа од 12 месеци е краток и не дава можност за целосна имплементација на мерки за рехабилитација на банка, заради што е неопходно да се покрене иницијатива пред Собранието на Република Македонија за изменување на Законот за банките во насока на зголемување на временската рамка на привремената управа на банки.
Истовремено, Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста дека средствата од третата, последна транша од ФЕСАЛ 2 аранжманот, во износ од 21 милион САД долари (12 милиони САД долари од Меѓународната банка за обнова и развој - IBRD и 9 милиони САД долари од Меѓународната Асоцијација за развој - IDA), на 06.01.2004 година, се префрлени на сметка на Народна банка на Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}