Скопје, 07.07.2004 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија Г-дин Петар Гошев денес оствари средба со Г-дин Ад Мелкерт, извршен директор на Холандската Конституенца при Светската банка, во која членка е и Република Македонија. На средбата Г-динот Мелкерт беше запознаен со актуелната макроекономска состојба во Република Македонија, со состојбите во банкарскиот сектор, неговата структура и перформанси, како и потребните мерки и активности за негово подобрување.
Гувернерот Гошев побара од Г-дин Мелкерт, да се заложи пред Светската банка преку свои проекти и техничка помош во рамките на 3 годишната стратегија на Светската банка за Република Македонија да n помогне на Република Македонија во структурните реформи во судството и имплементацијата на меѓународните сметководствени стандарди. Г-дин Мелкерт од своја страна изрази спремност максимално да се заложи пред Светската банка да и помогне на Република Македонија во оваа сфера.
Гувернерот Гошев ја искористи оваа можност да му се заблагодари на Г-дин Мелкерт за неговите досегашни заложби и напори за помошта што Република Македонија ја добива од Светската банка и Кралството Холандија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}