Скопје, 07.07.2003 година
Соопштение на НБРМ
Денес (07.07.2003 година), Советот на Народна банка на Република Македонија одржа редовна седница на која меѓу другото го разгледуваше и Извештајот за преземените мерки и активности на привремениот управник на Експорт Импорт Банка а.д. Скопје, како и исполнувањето на Планот на привремениот управник усвоен од Советот на Народна банка на Република Македонија во периодот од воведувањето на Експорт Импорт Банка а.д. Скопје под привремена управа до 30.06.2003 година.
Советот на Народна банка на Република Македонија согласно член 92 од Законот за банки ја продолжи постапката на привремена управа во Експорт Импорт Банка а.д. Скопје и повторно го именува Игор Давков за привремен управник на Банката за период од шест месеци. Притоа, Советот му оддаде признание на привремениот управник и адвокатската куќа ангажирана од страна на привремениот управник за постигнатите резултати во поглед на спроведувањето на активностите за наплата на побарувањата и судски постапки за одземање на имот на должниците на Банката.
Советот на Народна банка на Република Македонија беше запознаен со преговорите што ги води привремениот управник со потенцијалните санатори на Банката и донесе заклучок тие преговори да продолжат и за сите резултати од истите Советот да биде навремено информиран.
Советот на Народна банка на Република Македонија констатира дека и покрај фактот што доаѓа летната пауза кога судовите не работат, во наредните шест месеци ќе се завршат најголем дел од започнатите судски постапки и постапките за реализација на активираните залози со што Банката ќе се стекне со реален имот и ликвидни средства, кои ќе бидат ставени во функција на санација на Банката и обесштетување на доверителите на Банката.
Советот на Народна банка на Република Македонија беше запознаен и со наодите на заедничката мисија на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка за оценка на финансискиот систем во Република Македонија. Притоа, Советот беше информиран за резултатите од тестовите што ги направи мисијата за стабилноста на банкарскиот систем во Република Македонија, како и констатациите изнесени за професионалното управување во Народна банка на Република Македонија. Притоа, Советот изрази задоволство што наодите на мисијата за стабилноста и здравоста на банкарскиот систем во целост се поклопуваат со извештаите доставувани од стручните служби до Советот на Народна банка на Република Македонија.
Советот, исто така беше информиран и за резултатите од спроведената анкета од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој во врска со довербата на населението кон државните институции, при што довербата на населението кон Народна банка на Република Македонија е на високо ниво.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}