Врз основа на поднесено барање од Единствениот содружник на Штедилница Фершпед ДОО Скопје, на 07.04.2010 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија издаде претходна согласност за престанување со работа на Штедилницата
Скопје, 07.04.2010 година
Врз основа на поднесено барање од Единствениот содружник на Штедилница Фершпед ДОО Скопје, на 07.04.2010 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија издаде претходна согласност за престанување со работа на Штедилницата.
Истовремено, укината е дозволата за основање на Штедилницата и утврдено е дека се исполнети условите за спроведување ликвидациска постапка.
Врз основа на член 170 од Законот за банките, Народната банка го достави Решението заедно со Предлог за отворање ликвидациска постапка на Штедилницата, до надлежниот суд. Согласно со член 157 од Законот за банките, судот донесува решение по предлогот за отворање ликвидациска постапка на штедилница, најдоцна во рок од три работни дена од приемот на предлогот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}