Скопје, 06.12.2002 година
Соопштение на НБРМ
По повод изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на прес конференцијата, вчера, 05.12.2002 година, во која се споменува и НБРМ во контекст дека интензивно интервенира на девизниот пазар, односно, како што рече, продава девизи од девизните резерви повеќе дури и од време на војната, Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста дека според Уставот на Република Македонија и Законот за Народна банка на Република Македонија, НБРМ е должна да ја одржува ценовната стабилност во земјата, односно внатрешната и надворешната вредност на денарот и таа тоа го прави сите овие години со сите инструменти познати во пазарните економии.
Ги повикувам портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, или тој што му советувал, да докаже на кој начин е можно со продажба на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ да се предизвика инфлација. Доколку докаже, тоа ќе биде нов изум во економијата.
Народна банка на Република Македонија и понатаму ќе продолжи да ја остварува уставната и законската обврска, односно да ја одржува ценовната стабилност и стабилноста на вредноста на денарот. Сите шпекулации поврзани со остварувањето на оваа основна цел на Народна банка на Република Македонија се штетни и водат кон создавање проблеми во економијата.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}