Скопје, 06.07.2007 година
Соопштение на НБРМ
Денес во Атина, на средбата на гувернерите на Централните банки на Република Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Албанија, Србија и Кипар беше постигната согласност за потпишување на регионален Меморандум за соработка во доменот на банкарската супервизија. Целта на овој Меморандум е зајакнување на регионалната соработка меѓу Централните банки надлежни за супервизија на меѓународно активните банки, односно на нивните подружници и филијали. На тој начин, се очекува зголемување на ефикасноста на супервизорската функција и зајакнување на финансиската стабилност во Југоисточна Европа. Воедно, со Меморандумот се очекува постепено приближување на регулаторните и супервизорските практики на Централните банки со цел намалување на товарот врз банкарската индустрија кој произлегува од нивните специфични регулаторни барања. Покрај размена на податоци и организирање на заеднички супервизорски контроли, со Меморандумот се предвидува можност за делегирање на одредени супервизорски задачи од еден на друг супервизорски орган. Со Меморандумот, исто така, се предвидува формирање на експертски тимови кои ќе разгледуваат прашања поврзани со имплементацијата на Новата Капитална Спогодба (БАЗЕЛ II), спречувањето на перење пари и управување со евентуални кризни ситуации во регионот.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}