Скопје, 04.06.2001 година
Соопштение на НБРМ
Народна банка на Република Македонија врши продажба на краткорочни хартии од вредност - благајнички записи. Благајничките записи се во дематеријализирана форма, се продаваат со дисконт и со рок на доспевање од:
3 дена со камата од 13%;
7 дена со камата од 14%;
14 дена со камата од 14%;
и 28 дена со камата од 15% на годишно ниво.
Износот на благајнички записи кој Народна банка на Република Македонија го нуди за продажба е ограничен и е во согласност со целите на монетарната политика. При поголема побарувачка за благајнички записи, Народна банка на Република Македонија го применува принципот на сразмерна распределба.
Продажбата на благајнички записи за правните лица се врши преку банки, кои во име и за сметка на трети лица, учествуваат на примарниот пазар на Народна банка на Република Македонија. Минималниот износ на благајнички записи кој банките можат да го купат кај Народна банка на Република Македонија е ограничен на 1.000.000,00 денари.
Правните лица заинтересирани за купување на благајнички записи за подетални информации можат да се јават во комерцијалните банки или во Народна банка на Република Македонија на следните телефони: 108-283 и 108-401.
Народна Банка на Република Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}