На денешната седница Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ ги разгледа најновите податоци за макроекономските движења во 2009 година
Скопје, 04.01.2010 година
На денешната седница Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ ги разгледа најновите податоци за макроекономските движења во 2009 година, при што беше донесена одлука за дополнително намалување на референтната каматна стапка на НБРМ за 0,5 процентни поени, односно од 8,5% на 8%.
Најновите податоци говорат за движења согласно последните проекции за 2009 година, при што одделни сегменти покажуваат подобри остварувања од проектираните. Интервенциите на НБРМ на девизниот пазар и натаму се во насока на откуп на девизи, продолжувајќи го трендот започнат од јуни 2009 година. Кумулативниот раст на бруто девизните резерви на 31.12.2009 година изнесува околу 100 милиони евра, споредено со 31.12.2008 година. Со тоа, 2009 година заврши со нешто повисоко ниво на девизни резерви од проектираното, креирајќи подобра основа за евентуални интервенции во обратна насока во текот на 2010 година, како одговор на можните ризици. Остварената просечна стапка на инфлација во 2009 година изнесува -0,8% и е во согласност со очекувањата, при што трендот на дезинфлација беше прекинат во последните два месеца од годината. Индустриското производство во ноември за прв пат оваа година забележа годишен раст, иако главно поради исчезнувањето на базниот ефект, што доведе до забавување на неговиот кумулативен пад на -9,9% (наспроти -11,3% заклучно со октомври). Истовремено, во третиот квартал од 2009 година продолжи годишната контракција на реалниот БДП од 1,8%, водена пред сi од намалувањето на домашната побарувачка, наспроти недоволно неутрализирачкиот позитивен придонес на нето-извозот.
НБРМ ќе продолжи внимателно да ги следи натамошните движења во економијата и соодветно на материјализацијата на потенцијалните ризици навремено ќе реагира со дополнителни мерки, водејќи притоа сметка за одржувањето на макроекономската стабилност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}