Скопје, 03.10.2001 година
Соопштение на НБРМ
По повод одредени недоумици во јавноста а во врска со циркулацијата на банкноти од 10 денари само со еден потпис од страна на гувернерот на НБРМ, Народна банка на Република Македонија ја информира јавноста дека на 18.01.2001 година Советот на НБРМ донесе Одлука за издавање на банкноти во апоени од 10, 50 и 100 денари на кои ќе стои факсимил на потписот само на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Г-дин Љубе Трпески. Одлуката е објавена во Службен весник на РМ бр. 4/2001 од 23.01.2001 година. Ваква Одлука е донесена од практични причини, со оглед на фактот што функцијата заменик гувернер на НБРМ од 09 ноември, 2000 година остана испразнета и поради тоа што во Новиот Закон за Народна банка на Република Македонија, кој е во собраниска процедура, функцијата заменик гувернер на Народна банка на Република Македонија не е предвидена.
Народна банка на Република Македонија го издава ова соопштение за да ги запознае граѓаните на Република Македонија дека банкнотите во апоени од 10, 50 и 100 денари кои се само со еден потпис на гувернерот на НБРМ се потполно валидни, исто како и банкнотите порано емитувани кои се со два потписи.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}