Скопје, 03.06.2003 година
Соопштение на НБРМ
Денес, 03.06.2003 година, лидерот на најголемата опозициона партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски, на негово барање, беше примен од страна на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-динот Љубе Трпески. На средбата, г-динот Груевски се нтересираше за реализацијата на монетарната и девизната политика договорена со Станд бѕ аранжманот со Меѓународниот Монетарен Фонд и ги поддржа определбите во аранжманот за ниска инфлација и стабилен девизен курс.
Г-динот Груевски, исто така, се интересираше и за состојбите во банкарството во светлината на најновите шпекулации пласирани од пооделни медиуми. Од страна на гувернерот Трпески му беше објаснето дека се тоа чисти шпекулации и немаат никаква подлога и дека на последната заедничка мисија на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка на Република Македонија оценките за стабилноста на банкарскиот систем се високо позитивни. Исто така, работата на супервизијата на Народна банка на Република Македонија е оценета со највисока оценка. Гувернерот Трпески истакна дека ваквите шпекулации прават огромни штети не само на банките кои се споменуваат, туку и на економската стабилност во целина, а не прават добро никому.
Г-динот Груевски го запозна гувернерот Трпески за најновите промени во партијата и неговата определба тој и пратениците од неговата партија да бидат конструктивна опозиција во Парламентот.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}