Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-н Петар Гошев, денес оствари средба со г-ѓа Орсалија Каланзопулос, директор во Светската банка за Република Македонија и регионален координатор за југоисточна Европа. На средбата беа дискутирани неколку групи на прашања.
Скопје, 03.02.2005 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-н Петар Гошев, денес оствари средба со г-ѓа Орсалија Каланзопулос, директор во Светската банка за Република Македонија и регионален координатор за југоисточна Европа. На средбата беа дискутирани неколку групи на прашања.
Најмногу внимание беше посветено на прашањата кои се предмет на аранжманот "Програмски заем за развојни политики", што Република Македонија треба да го склучи со Светската банка. Притоа, беше истакната потребата од спроведување на структурни реформи во областа на финансискиот сектор, судството, пазарот на работна сила и др. Во однос на реформата на финансискиот сектор во Република Македонија беше истакнато значењето на зголемувањето на обемот и ефикасноста на финансиската интермедијација како предуслов за забрзување на економскиот развој на Република Македонија. Во таа смисла, гувернерот Гошев посочи поголем број мерки кои што можат да се преземат првенствено во банкарскиот сектор (мерки поврзани со подобрување на акционерската структура на банките, супервизијата и др.), понатаму, мерки за унарпедување на основите за палнирање и имплементирање на монетарната политика, мерки за зголемување на институционалниот капацитет на Народна банка на Република Македонија и др. Беа дискутирани и макроекономските движења во текот на 2004 година и проекциите за 2005 година. Притоа, беше потенцирана потребата од понатамошна добра координација на монетарната и фискалната политика.
Гувернерот Гошев ја искористи оваа можност да и се заблагодари на г-ѓа Каланзопулос за нејзините досегашни заложби и напори за помошта што Република Македонија ја добива од Светската банка.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}