Скопје, 02.11.1999 година
Согласно чл. 120-а од Законот за банки и штедилници (Сл. весник на РМ 31/93, 78/93, 17/96 и 37/98), Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
На ден 15.09.1999 година, гувернерот на Народна банка на Република Македонија донесе одлука со која се утврди дека се исполнети условите за воведување ликвидациона постапка кај штедилницата Либерти интернационал ДОО Битола. Советот на Народна банка на Република Македонија решавајќи по жалбата на Штедилницата, на 28.10.1999 година донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована, а одлуката на гувернерот се потврдува.