Информација до медиумите за постапувањето на Македонска банка АД Скопје во врска со Решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија
Скопје, 02.10.2007 година
Соопштение на НБРМ
Информација до медиумите за постапувањето на Македонска банка АД Скопје во врска со Решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија
Со Решение, бр. 4608 од 18.07.2007 година, на гувернерот на Народната банка, беше утврдено дека АД Јака 80 Радовиш, не може да биде акционер со квалификувано учество во Македонска банка АД Скопје и и беше наложено најдоцна до 30.09.2007 година да отуѓи 82.953 обични акции или 73,14% од вкупните обични акции на Македонска банка АД Скопје.
Од информациите со кои располага Народната банка можат да се констатираат следните факти:
· На 12.09, 20.09 и 27.09.2007 година, АД Јака 80 Радовиш основала вкупно 16 друштва со ограничена одговорност, во кои што таа се јавува како единиствен содружник.
· Сите друштва се основани со непарични влогови, односно со вложување на акциите кои АД Јака 80 Радовиш ги поседуваше во Македонска банка АД Скопје.
· Сите новоформирани друштва имаат иста адреса со адресата на која се наоѓа претставништвото на АД Јака 80 Радовиш во Скопје.
· До 01.10.2007 година, АД Јака 80 Радовиш своите удели во новоформираните друштва ги пренела на физички и правни лица со седишта во Република Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина.
· Сите нови акционери на Македонска банка АД Скопје имаат учество под 5% во вкупниот број на акции на Банката, односно не се квалификувани акционери. Тоа значи дека ниту еден од новите акционери на Македонска банка АД Скопје немал обврска да побара претходна согласност за стекнување на акции во Банката согласно одредбите од Законот за банките, па според тоа ниту еден од нив не е лиценциран од Народната банка.
· Акционерот АД Јака 80 Радовиш се определил промената во акционерската структура на Банката да не се изврши преку официјалниот пазар за тргување со хартии од вредност, туку со нетрговски пренос.
· 78% од акциите во Македонска банка АД Скопје, вложени како непаричен влог во 16 новоформирани друштва, биле проценети на 5,35 милиони Евра.
· Народната банка во рамки на своите законски овластувања ќе разгледа и други факти во врска со квалитетот на извршената промена во акционерската структура на Македонска банка АД Скопје и ќе оформи целосно мислење кое ќе им го достави на надлежните во Банката. Тогаш ќе им биде соопштен и ставот на Народната банка во врска со постојните мерки и за евентуално преземање на некои нови мерки.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}