Вчера, 1 јуни, 2004 година, Комитетот за финансиски прашања, формиран согласно Анексот “Ц” на Спогодбата за прашања на сукцесијата на имотот и побарувања на поранешната СФРЈ, одржа состанок во Загреб, Република Хрватска.
Скопје, 02.06.2004 година
Соопштение на НБРМ
Вчера, 1 јуни, 2004 година, Комитетот за финансиски прашања, формиран согласно Анексот “Ц” на Спогодбата за прашања на сукцесијата на имотот и побарувања на поранешната СФРЈ, одржа состанок во Загреб, Република Хрватска.
Овластените претставници на државите-наследнички постигнаа согласност за поделба на монетарно злато, во тежина од 8,5 тони или во вредност од околу 107 милиони $ (по тековни цени на златото) со примена на процентите од Спогодбата. По завршувањето на процедурите кај банките каде што е депонирано златото (Банката на Франција и Кредит-Свис-банката)на сметка на Република Македонија ќе биде префрлено 7,5% од златото, или околу 7,5 милиони долари.
Покрај тоа, претставниците во Комитетот за финансиски прашања писмено се обратија до Постојниот заеднички комитет, со барање да оформат став за натамошно постапување во врска со утврдувањето на состојбата на девизни средства на НБЈ на поранешна СФРЈ, депонирани во банки со мешовит капитал. Заклучок на Финансискиот комитет е дека е потребно формирање на експертска екипа, која врз основа на документацијата што се наоѓа во НБ на Србија и ревизорските извештаи за работењето на банките со мешовит капитал треба да ја утврди состојбата на депозитите на НБЈ на поранешната СФРЈ, како и кога, за кои намени и по чиј налог, дел од тие депозити се користени. Ова од причина што во Спогодбата книговодствената состојба на 30.03.2001-ва година искажана е во вредност од 635 милиони долари, а во Извештај на НБ на СРЈ се искажуваат само 58 милиони долари. Заради неприфаќањето на предметниот заклучок од страна на претставникот на Србија и Црна Гора, се наметна потреба од активирање на Постојниот заеднички комитет.
Со стапувањето во сила на Спогодбата по прашањата на сукцесијата се создаваат и формално-правни услови за формирање и активирање на Постојниот заеднички комитет во чија надлежност е решавањето на одредени спорни прашања од имплементацијата на истата.
На 3 јуни, Спогодбата стапаува во сила, бидејќи истекува триесетиот ден откако Република Хрватска истата ја депонира во ОН, а по претходната ратификација од Саборот на Република Хрватска. Република Македонија, согласно одредбите од Спогодбата е организатор на првата конститутивна и работна средба на Постојниот заеднички комитет.
Следниот состанок на комитетот за финансиски прашања ќе се одржи во Скопје. На истиот треба да се заврши со поделбата на депозитите на НБЈ на поранешната СФРЈ кои се на сметки на комерцијални банки со седиште во Европа, чија вредност изнесува околу 220 милиони долари. Од овој износ, 7,5%, или 16,5 милиони долари, припаѓа на Република Македонија. Покрај тоа, на состанокот ќе се пристапи кон поделба на побарувањата и долговите настанати по спогодбите за клириншки начин на плаќање со одредени земји од Источна Европа и Азија (освен поранешниот СССР кој веќе е регулиран).
Душанка Христова
Обвластен претставник на Република Македонија во
Комитетот за финансиски прашања на сукцесијат