Скопје, 01.09.1999 година
Согласно чл. 120-а од Законот за банки и штедилници (Сл. весник на РМ бр. 31/93, 78/93, 17/96 и 37/98), Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
1. На ден 15.06.1999 година, гувернерот на Народна банка на Република Македонија донесе одлука за укинување на дозволата за работа на АКА банка а.д. Филијала - Скопје и исполнување на условите за воведување на стечајна постапка, поради неможност за санација на Филијалата. Советот на Народна банка на Република Македонија решавајќи по жалбата на Филијалата, на 26.08.1999 година донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована, а одлуката на гувернерот се потврдува.
2. Гувернерот на Народна банка на Република Македонија на ден 15.06.1999 година донесе решение со кое на штедилницата Либерти интернационал ДОО - Битола и се укинува дозволата за работа и и се забранува вршење на сите банкарски работи, освен наплата на одобрени кредити, сметано од денот на приемот на ова решение. Советот на Народна банка на Република Македонија решавајќи по жалбата на Штедилницата, на 26.08.1999 година донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована, а решението на гувернерот се потврдува.