Најголемиот Инвестиционен фонд за микрофинансирање во светот ќе помогне во развојот на микро и мали претпријатија
Скопје, 01.03.2007 година
Соопштение на НБРМ
Најголемиот Инвестиционен фонд за микрофинансирање во светот ќе помогне во развојот на микро и мали претпријатија
Европскиот фонд за југоисточна Европа (EFSE) започнува со активности за финансирање на микро и мали претпријатија, фармери и население во Република Македонија. Во следните пет години се очекува EFSE да обезбеди околу 120.000 кредити на микро и мали претпријатија и фармери, да одобри околу 30.000 станбени кредити на семејства и да придонесе за создавање на околу 30.000 работни места во целиот регион на југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија.
За да ги постигне овие цели, Фондот одобрува долгорочни средства на квалификувани партнерски кредитни институции и во моментов работи со една партнерска кредитна институција во Република Македонија.
Г. Петар Гошев, Гувернер на Народна Банка на Република Македонија вели дека Република Македонија е безбедно место за инвестирање и оплодување на капиталот и дека креирањето на добра, пријателска бизнис средина, со конкурентски предности пред другите, перманентно напредува. Европскиот Фонд за развој на Југоисточна Европа може да даде придонес за развој на економијата на Република Македонија и на регионот во целина, особено заради поддршката на целните групи како што се микро и малите претпријатија, домаќинствата и руралниот сектор, кои имаат најтежок пристап до извори на финансирање.
Фондот започна да работи во Република Македонија во 2006 година и во моментов работи со една партнерска кредитна институција во областа на финансирање на микро и мали претпријатија и станбено кредитирање. До крајот на 2006 година, овие средства се користеа за рефинансирање на 556 кредити на микро и мали претприемачи, фармери и семејства.
Др. Klaus Maurer, Директор за инвестиции, објаснува како EFSE ќе работи во Република Македонија и какво влијание треба да се очекува во регионот.
"Уверени сме дека во EFSE ја најдовме модерната верзија на Маршаловиот план за 21-от век."
Со вкупна капитална база од 244,5 милиони Евра, EFSE се вбројува меѓу најголемите фондови за финансирање на развојот во светот. Неговата капитална база се состои од донаторски придонеси и нови средства од меѓународни финансиски институции како што се IFC, EBRD, KfW и FMO и приватни институционални инвеститори.
Промотер на Фондот е KfW, Германска развојна банка. Фондот е управуван од Oppenheim-Pramerica Asset Management S.a r.l., а Bankakademie e.V. се јавува во улога на советник. Citibank International plc (филијала Луксембург) има улога на чувар на имот и административен агент.
За сите други информации Ве молиме да се обратите до канцеларијата на EFSE во Франкфурт: г-н Jasper Hanebuth, [email protected],
Тел.: +49 69 154008-628