На 6. март 2014 година, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа работна средба на која присуствуваа претставници од сите банки.
Скопје, 6.3.2014 година
Соопштение за одржана работна средба помеѓу Народната банка на Република Македонија и банките
На 6. март 2014 година, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа работна средба на која присуствуваа претставници од сите банки. На средбата беа презентирани две значајни теми од заеднички интерес, од кои првата се однесуваше на мерките на монетарната политика преземени во периодот 2012-2013 година и нивните досегашни ефекти, а втората беше посветена на анализата на пазарите на пари во Република Македонија со осврт на Европската Унија и земјите од регионот.
На средбата беа разменети мислења со банките и беа сумирани ефектите на мерките, нивното влијание врз одредени позиции од билансите на банките и факторите на страната на понудата и побарувачката за кредити. На работната средба беа дискутирани и трендовите на пазарот на пари во Македонија, како и натамошните активности за негово продлабочување.
Темите кои беа презентирани на работната средба:
Мерки на монетарната политика во 2012 и 2013 година
Анализа на пазарите на пари во Македонија со осврт на Европската Унија и земјите од регионот (презентација)
Анализа на пазарите на пари во Македонија со осврт на Европската Унија и земјите од регионот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}