Евро-системот започнува со спроведување проект финансиран од ЕУ во Народната банка на Република Македонија
Евро-системот започнува со спроведување проект финансиран од ЕУ во Народната банка на Република Македонија
На 6 декември се одржа инаугуративен состанок, којшто беше предводен од гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во рамките на проектот „Анализа на потребите на НБРМ“, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Во партнерство со националните централни банки на евро-системот, ЕЦБ започна со спроведувањето на проектот за соработка со Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Со „Деветмесечниот проект за анализа на потребите“ ќе бидат утврдени областите во коишто НБРМ би можела да оствари напредок во текот на наредните години во поглед на постигнување на стандардите за централните банки во ЕУ. Резултатот од проектот ќе ? овозможи на НБРМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, а потоа и кон евро-системот, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики или обука на кадарот. На состанокот партнерите во проектот се договорија за методологијата што ќе се користи при анализата на потребите, којашто ќе покрие десет различни области: сметководство, банкноти, економска анализа и истражување, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи и статистика. Проектот, којшто започна на 15 октомври, 2012 година ќе го спроведува ЕЦБ во партнерство со Централната банка на Германија, Централната банка на Естонија, Централната банка на Ирска, Централната банка на Шпанија, Централната банка на Италија, Централната банка на Малта, Централната банка на Холандија, Централната банка на Австрија, Централната банка на Словенија и Централната банка на Словачка. Централната банка на Бугарија, исто така, ќе обезбеди експерти за проектот. Проектот e финансиран од Европската Унија, којашто додели 405.000 евра од Инструментот за претпристапна помош и НБРМ, која обезбеди 45.000 евра како кофинансирање.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}