Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 7 и 8 април 2016 година ќе ja организира Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 7 и 8 април 2016 година ќе ja организира Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“, што ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Оваа конференција, којашто традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, a оваа година е во знакот на одбележувањето и на 70 години од централнобанкарските активности во Република Македонија, на едно место ќе ги спои истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките и ќе обезбеди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.
Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Програмата за Конференцијата можете да ја најдете на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}