Соопштение на НБРМ 
Имајќи го предвид интересот што го пројавија поголем број јавни медиуми за ова прашање во текот на изминатите два-три месеци, Народната банка ја известува јавноста дека со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 19983 од 3 јуни 2013 година издадена е претходна согласност за именување на Глигор Бишев за член на Управниот одбор на „Шпаркасе банка Македонија“ АД Скопје.