По повод Меѓународниот ден на штедењето - 31 октомври, Народната банка организира настан со кој го одбележа денот на штедењето и го означи почетокот на долгорочниот проект наречен „Финансиска едукација“
По повод Меѓународниот ден на штедењето - 31 октомври, Народната банка организира настан со кој го одбележа денот на штедењето и го означи почетокот на долгорочниот проект наречен „Финансиска едукација“.
За настанот распиша конкурс во две категории за најдобра литературна и ликовна творба наменет за учениците од прво до петто одделение од основното образование на тема „И јас умеам да штедам“. На конкурсот беа пристигнати 828 творби од целата република, од кои 295 литературни и 533 ликовни творби. Денес, Народната банка награди шест учесници со по три рамноправни парични награди во двете категории, 10 творби беа специјално пофалени, а 20 творби беа пофалени од страна на жири-комисиите кои ги оценуваа творбите. Ликовните и литературните творби ќе бидат дел од изложбата во просториите на Народната банка до 9 ноември 2012 година. На настанот, исто така, беа претставени заштитените ликови на момчето, девојчето и Денарко кои од денес па натаму ќе бидат главните актери во поучните материјали на Народната банка, како што е и објавениот поучен стрип со наслов „Малиот штедач“, којшто беше промовиран во оваа прилика и летокот со наслов „Што е штедење?“.
Со појавата на финансиската криза во светот се создаваат иницијативи кај одреден број земји, меѓународни организации и наднационални институции за подигнување на општото ниво на финансиска писменост, како една од мерките за заштита од идни негативни економски случувања и кризи. Народната банка на Република Македонија презема иницијатива и започнува со сопствен проект наречен „Финансиска едукација“ наменет за поблиско запознавање на населението на Република Македонија со финансиите и економијата. Во иднина се предвидува изработка и печатење брошури, прирачници, стрипови и други поучни материјали коишто ќе бидат наменети за пошироката јавност и се очекува дека ќе имаат одредено позитивно влијание придонесувајќи за општото добро и економијата во државата. Основната тематика што ќе се разработува во поучните материјали ќе опфаќа повеќе аспекти од економската сфера. За да се постигне поголем ефект кај јавноста од остварувањето на проектот и да се зголеми транспарентната улога на Народната банка, придобивката од овие активности воедно е и јавноста да добие јасна слика за тоа што претставува централната банка и кои се нејзините основни цели и задачи како институција во државата. Проектот предвидува организација на настани, изложби, организирани посети, предавања, поучни програми, креативни работилници и други манифестации. Некои од настаните ќе бидат поврзани со одредени меѓународни денови посветени на децата и нивното поучување воспоставено на меѓународно ниво, како што е Меѓународниот ден за финансиско поучување на децата, 16 март, што ќе се одржи наредната година во соработка со Меѓународната организација за финансиско поучување на деца и младинци.
Сиот поучен материјал ќе биде поставен на интернет-страницата на Народната банка и ќе биде непречено достапен до пошироката јавност, со цел да се укаже на значењето од финансиското поучување на граѓаните на Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}