Народната банка со задоволство ја известува јавноста дека денес, 2 декември 2014 година, беше домаќин на четвртиот регионален состанок на супервизорските органи од регионот
Народната банка со задоволство ја известува јавноста дека денес, 2 декември 2014 година, беше домаќин на четвртиот регионален состанок на супервизорските органи од регионот на кој учествуваа претставници на Банката на Албанија, Агенцијата за банкарство на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банката на Косово, Централната банка на Црна Гора и Банката на Србија. Овој вид состаноци се одржуваат во рамките на Виенската Иницијатива 2, и имаат за цел утврдување заеднички настап на супервизорските органи од регионот во односите со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган.
Состанокот го отвори гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, којшто го истакна значењето на ваквите средби за размената на искуствата и предизвиците во усогласувањето на супервизорската регулатива и пракса со европските стандарди, како и за воспоставување ефикасна соработка со институциите коишто се дел од механизмот на единствен супервизор во евро зоната. Значаен чекор напред во таа насока е склучувањето Меморандум за соработка на супервизорските органи од регионот со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган, чијшто предлог - текст беше разгледан на состанокот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}