Денес во Народната банка на Република Македонија пред јавноста беше претставена Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.
Скопје, 29.5.2013 година
Соопштение на НБРМ
Денес во Народната банка на Република Македонија пред јавноста беше претставена Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.
Стратегијата е резултат на едногодишната активна координација преку Националниот совет за платни системи на сите страни вклучени во платниот систем и претставува заедничката визија за неговиот развој во следните пет години. Со свои обраќања, Стратегијата ја претставија гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, г. Зоран Ставрески и претседателот на Здружението на банкарството, г. Ѓорѓи Јанчевски. Притоа, челните луѓе на овие три институции, основачи на Националниот совет и носители на развојот на платниот систем, потпишаа заедничка Изјава за прифаќање на Стратегијата, како јасен сигнал за поддршката на нејзиното спроведување. Во рамките на настанот, претседателот на Националниот совет, г-ѓа Емилија Нацевска одржа кратка презентација на стратегиската визија и планираните активности. Идниот развој на националниот платен систем е насочен кон задоволување на потребите на корисниците на платежните услуги, кон примена на последните технолошки достигнувања и кон натамошно усогласување на работењето со меѓународните и европските стандарди и правила. Сето ова ќе придонесе за зголемување на сигурноста и ефикасноста на плаќањата и за поголемо прифаќање на безготовинските платни инструменти, а воедно ќе овозможи постепено исполнување на условите за интегрирање во Единствената европска платежна област при зачленувањето на Република Македонија во Европската Унија.
На јавното претставување на Стратегијата учествуваа претставници од Народната банка, Министерството за финансии, комерцијалните банки, КИБС, КАСИС, КХВ, Македонската берза, Централниот депозитар, Централниот регистар, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија и од другите меѓународни организации и претставници од јавните медиуми.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}