Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа промоција на книгата „Светската економска криза и оперативната ефикасност на централните банки - случајот на Македонија“
Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа промоција на книгата „Светската економска криза и оперативната ефикасност на централните банки - случајот на Македонија“ (World Economic Crisis and the Operational Efficiency of Central Banks - The Case of Macedonia) од авторите проф. д-р Љубе Трпески, д-р Богољуб Јанкоски и м-р Весна Кондратенко.
Книгата ја промовираа гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и проф. д-р Томе Неновски.
Во книгата е направен осврт кон улогата на централните банки за време на последната финансиска и економска криза во одржувањето на финансиската стабилност, како и обезбедувањето поддршка на економската активност, што всушност значи промена во поставеноста на централните банки во однос на досегашното унилатерално фокусирање кон ценовната стабилност. Имајќи ги предвид најновите случувања, во овој труд е направен обид да се одговори на прашањето дали преземањето други цели, покрај основната цел - одржувањето на ценовната стабилност, влијаеше врз оперативната ефикасност на централните банки.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}