Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата дванаесетта седница на која беа донесени нови нестандардни мерки на монетарната политика за ублажување на последиците од кризата, преку поддршка на кредитирањето и подобрување на платнобилансната позиција на земјата, што во крајна линија треба да придонесе за поттикнување на економскиот раст на земјата.
Скопје, 29.11.2012 година

Најновите мерки на Народната банка носат промени кај инструментот задолжителна резерва. Со новините кај Одлуката за задолжителната резерва се овозможува намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени од споменатите претпријатија. Со овие промени, всушност, се создаваат услови за намалување на цената на кредитите одобрени на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, а истовремено се придонесува за зголемување на обемот на кредитна поддршка за овие значајни сектори од економијата. Со оглед на тоа дека станува збор за нестандардна мерка, се предвидува оваа измена да се применува заклучно со 2014 година, кога зависно од постигнатите резултати, ќе се преиспита потребата од натамошна примена.
На денешната седница, Советот ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале непогодни за промет. Со новините кај оваа одлука се врши прецизирање и зајакнување на улогата на Народната банка во однос на одржувањето на квалитетот на книжните и кованите пари на високо ниво, преку нејзино директно вклучување во процесот на контрола при обработката кај банките, како непосредни извршители на оваа активност.
Советот на денешната седница разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}