Македонија ќе има полза од експертизата на експертите на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити
Скопје, 28.11.2014 година
Македонија ќе има полза од експертизата на експертите на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити, којашто беше изнесена на Конференцијата којашто се одржа денес во Скопје.
Домаќини на Конференцијата беа ИФЦ, членка на Групацијата на Светската банка, и Народната банка на Република Македонија. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, ја отвори Конференцијата на која присуствуваа претставници на Министерството за финансии, Министерството за правда, Управата за јавни приходи, како и претставници на судовите, деловните банки и македонското Здружение на банкарството.
Гувернерот Богов изјави: „... не може да се создаде ефективен и ефикасен систем за решавање на долговите без учество на носителите на политиките, регулаторите и другите релевантни институции.“
Учесниците на Конференцијата имаа можност да дискутираат со експертите на Светската банка за проблемите и решенијата во врска со решавањето на долговите и управувањето со нефункционалните кредити во Македонија.
„Главната цел на Конференцијата беше да се споделат меѓународното искуство и знаење во областа на стратегиите за решавање на долговите", изјави Зоран Мартиновски, претставник на ИФЦ во Република Македонија. „Постои ризница од искуства во другите европски земји коишто може успешно да се применат и во Македонија.“
На Конференцијата се дискутираше и за техничките прашања поврзани со решавањето на долговите, со особен осврт на она што може да сторат носителите на политиките за да го олеснат решавањето на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор. Учесниците разговараа за расположливите механизми за принудна наплата на долгот, за постапките поврзани со преструктурирањето и несолвентноста, за потенцијалната продажба на нефункционалните кредити и даночните влијанија, како и за разните пречки за ефикасно решавање на долговите во земјата.
За ИФЦ
ИФЦ, членка на Групацијата на Светската банка, е најголемата глобална развојна институција исклучиво фокусирана на приватниот сектор. Работејќи со приватните претпријатија во повеќе од 100 земји, ИФЦ ги користи својот капитал, експертиза и влијание за да помогне во елиминирањето на екстремната сиромаштија и да промовира заеднички просперитет. Во финансиската 2013 година, инвестициите на ИФЦ се искачија на највисоко ниво од речиси 25 милијарди САД-долари, зголемувајќи ја моќта на приватниот сектор за создавање работни места и справување со најсилните предизвици за развој во светот. За повеќе информации, посетете ја www.ifc.org.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}