Втора средба меѓу финансиските супервизорски органи во Република Македонија
Скопје, 28.11.2012 година
Втора средба меѓу финансиските супервизорски органи во Република Македонија
Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа втората работна средба меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи во Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Министерството за финансии. На средбата беа разгледани најзначајните тековни активности на овие институции, како и најновите движења во осигурителниот и банкарскиот сектор, пазарот на капитал, како и кај пензиските фондови, финансискиот лизинг и финансиските друштва. Беше дискутирано и околу најновите измени во регулаторната рамка за сегментите од финансискиот сектор.
Ваквите средби имаат за цел, преку унапредување на соработката помеѓу регулаторните и супервизорските органи, да придонесат за одржувањето сигурен и стабилен финансиски систем, што е и актуелна меѓународна практика.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}