Народната банка на Република Македонија ги објави податоците од статистиката на каматните стапки, изготвени и приспособени на европските стандарди
Народната банка на Република Македонија ги објави податоците од статистиката на каматните стапки, изготвени и приспособени на европските стандарди, пропишани од страна на Европската централна банка во „Регулативата на ЕЦБ за статистиката на каматните стапки“ (ECB/2009/7), и во „Прирачникот за статистика на каматните стапки на монетарните финансиски институции“.
Со применетата нова методологија на корисниците им се достапни подетаљни податоци за следење и анализа на движењата на каматните стапки во РМ, дополнителни поделби преку кои податоците за каматните стапки се усогласуваат со податоците на земјите-членки на Европската Унија, со што се постигнува и поголема меѓународна споредливост на податоците. Новиот сет податоци обезбедува подетаљни информации за каматните стапки на кредитите и депозитите во однос на рочноста, валутната структура (евра, САД-долари, швајцарски франци и останати валути), намените на кредитите дадени на домаќинствата (станбени, потрошувачки и кредити за други намени), иницијалниот период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите и сл. Исто така, се обезбедува и поголем опфат преку вклучување на штедилниците како известувачи. Покрај тоа, известувачите за првпат ќе почнат да известуваат и за кредитите дадени на/депозитите примени од секторот непрофитни институции кои им служат на домаќинствата. За да се обезбеди временска споредливост на податоците, објавени се и временски серии на податоци, за периодот од 2005 година наваму.
Подетаљни информации за промените во извештаите кои се објавуваат, методолошките промени и нивните ефекти, се расположливи на интернет-страницата на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}