Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата втора седница на која беа разгледани и усвоени Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија и Годишната сметка за 2013 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата втора седница на која беа разгледани и усвоени Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија и Годишната сметка за 2013 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.
Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2013 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што тогаш заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
На денешната седница Советот ја усвои и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи. Измените и дополнувањата главно се однесуваат на новината со која се воведува можноста за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење. На тој начин, современите технологии коишто се достапни за останатите банкарски производи, отсега ќе се овозможат и во менувачкото работење. Главните придобивки за клиентите би биле брзината на услугата и достапноста на услугата независно од работното време на банките. Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка. Воедно, со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи се избриша обврската за овластениот менувач да врши продажба на нерезиденти само врз основа на реоткуп.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}