Димитар Богов - изјава за јавните медиуми
Скопје, 27.08.2012 година
Во врска со информацијата што се појави денес на некои домашни интернет-портали за девалвација на денарот, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов ја даде следната изјава за јавните медиуми:
„Изјавувам дека тоа се несериозни шпекулации пласирани од некои коишто не им мислат добро ниту на граѓаните на Република Македонија ниту на државата. Очигледно, некој сака да удри таму каде што сме најсилни, во макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. НБРМ u останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во евро-зоната. Девизните резерви се на историски највисокото ниво од 2,1 милијарда евра, НБРМ во последните два месеца исклучиво го откупува вишокот девизи на девизниот пазар, а денарското штедење на граѓаните продолжува да расте и на крајот на јули достигна 48 отсто од вкупното штедење на граѓаните. Верувам дека граѓаните повторно ќе покажат трезвеност и рационалност како што покажаа многупати досега и ќе ги игнорираат шпекулациите пласирани од оние коишто сакаат да ловат во матно.“
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}