Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Скорпија“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/14 и 116/14)
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Скорпија“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/14 и 116/14).
Кованата пара „Скорпија“ ги има следниве карактеристики:
- на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.
- на реверсот, на левата страна е прикажана стилизирана слика на скорпија. На десната страна е претставено соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак Скорпија, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел, по должината на периметарот, е прикажано името на монетата на латински јазик, заедно со симболот на хороскопскиот знак Скорпија. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги симболот Скорпија, дел од украсот, како и нозете и опашката на скорпијата) се насликани со злато.
Оваа кована пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.
Цената на кованата пара „Скорпија“ изнесува 2.700,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}