Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата деветта седница.
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата деветта седница.
На седницата, Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителната резерва. Со Одлуката се продолжува примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија. Основна цел на Одлуката е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата. При донесувањето на оваа одлука, Советот се раководеше од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст. Со оглед на тоа што ефектот е несомнено позитивен, односно го намали трошокот за финансирање на претпријатијата од двата сектора, но со помал интензитет од потенцијалниот, а имајќи ги предвид податоците што укажуваат на одредена неизвесност околу динамиката на кредитирањето на корпоративниот сектор во следниот период, Одлуката предвидува оваа нестандардна мерка да продолжи да се применува до 31 декември 2015 година.
На денешната седница Советот, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите за издавање ковани пари за колекционерски цели, ги усвои Одлуките за издавање кована пара за колекционерски цели „Стрелец“ и „Јарец“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Стрелец“и „Јарец“ ќе бидат во апоени од 10 денари.
Советот донесе и други одлуки од својата надлежност.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}