Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 28 и 29 април 2014 година ќе ja организира Третата меѓународна истражувачка конференција на тема: „На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 28 и 29 април 2014 година ќе ja организира Третата меѓународна истражувачка конференција на тема: „На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување“, што ќе се одржи во Скопје, во хотелот „Александар палас“.
Оваа конференција, организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, има за цел да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите коишто изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот. Конференцијата ќе биде организирана во шест сесии коишто покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции.
Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Програмата за Конференцијата можете да ја најдете на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}