Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2015 година
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2015 година, при што беше заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата програма за работа. Внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа. Во текот на 2015 година, беа извршени вкупно 22 редовни ревизии и една вонредна ревизија, при што беа дадени вкупно 54 препораки. На редовна квартална основа се следеше спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на високо ниво на остварување.
На денешната седница на Советот на Народната банка беше донесена и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Измените и дополнувањата се однесуваат на трансакциите со деривативните инструменти на пазарот преку шалтер. Домашните банки ги користат трансакциите со деривативни инструменти на пазарот преку шалтер првенствено за потребите на управувањето со валутниот ризик и за потребите на управување со нивната девизна ликвидност. Досега, ваков вид на трансакции, домашните банки можеа без ограничување да склучуваат само со нивните матични банки, а со измената на одлуката, како друга договорна страна на домашните банки при склучувањето на ваквите трансакции, слободно ќе може да се јави било која друга странска банка. На овој начин, ќе се овозможат предуслови за подобрување во процесот на управување со ризиците од страна на банките и нивна поголема флексибилност во настапот на девизниот пазар.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}