Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 23 април 2015 година ќе ja организира Четвртата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 23 април 2015 година ќе ja организира Четвртата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“, што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
Оваа конференција, организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, на едно место ќе ги спои истражувачите од академската заедница и институциите-носители на политиките и ќе обезбеди дискусија базирана врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.
Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Програмата за Конференцијата можете да ја најдете на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}