Хуманитарна акција на Народната банка на Република Македонија
Скопје, 21.12.2012 година
Хуманитарна акција на Народната банка на Република Македонија
По повод Новата 2013 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов, заедно со раководството и претставници од Синдикалната организација при НБРМ, денеска го посети Посебното основно училиште за ученици со посебни образовни потреби со интелектуални и комбинирани пречки во развојот „Иднина“ Скопје, каде што им беа доделени новогодишни пакетчиња на децата од училиштето и на децата од подрачните паралелки во Скопје.
Потоа, беше посетен и Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Скопје, којшто е јавна установа од социјална заштита за дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование и здравствена заштита на лица со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој, како и деца без родителска и старателска грижа, каде што покрај доделените новогодишни пакетчиња, беше доставена и облека којашто ја донираа вработените од Народната банка во соработка со Синдикалната организација при НБРМ.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}