Народната банка ја зголеми количината на монетарното злато во девизните резерви на Република Македонија, преку постапка на претопување пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато
Народната банка ја зголеми количината на монетарното злато во девизните резерви на Република Македонија, преку постапка на претопување пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.
Народната банка се стекна со 6 нови прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, коешто во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон.
Оваа постапка се оствари согласно со Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно со измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според коишто на Народната банка ѝ беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот.
Пригодните ковани пари и дефинитивно одземените златни предмети беа испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворија во монетарно злато и се вклучија во девизните резерви на Република Македонија.
На тој начин, се зголеми количината на монетарното злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}