Соопштение на НБРМ
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека на 20 јуни 2013 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија им ги одзеде дозволите за основање и работење на „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје и на „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје заради нивната преобразба во финансиски друштва, без да се спроведе постапка на ликвидација.