Одржана трета средба помеѓу финансиските супервизорски органи во Република Македонија
Одржана трета средба помеѓу финансиските супервизорски органи во Република Македонија
Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа третата работна средба меѓу претставници на финансиските супервизорски органи во Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Народната банка на Република Македонија. На средбата присуствуваа првите луѓе на овие институции, заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов, претседателот на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на осигурувањето, д-р Климе Попоски, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Елизабета Чингаровска и директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, д-р Булент Дервиши. Овие средби, коишто започнаа во јуни 2012 година, имаат за цел, преку унапредување на соработката помеѓу регулаторните и супервизорските органи, да придонесат за одржувањето сигурен и стабилен финансиски систем, што и е актуелна меѓународна практика.
На состанокот се разговараше за позначајните тековни активности на секоја од овие институции, како и за најновите движења во осигурителниот и банкарскиот сектор, пазарот на капитал, како и кај пензиските фондови, финансискиот лизинг и финансиските друштва. Притоа, беше констатирано дека е задржана стабилноста на финансискиот сектор во Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}